Search
среда 8 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

ЗОШТО РЕЖИМОТ ГО ШТИТЕЛ АКТУЕЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ПАЛАНЕЧКОТО СОЦИЈАЛНО?

Македонија

Заболени
599
Мртви
26
Излечени
30
Активни
543
Last updated: 08/04/2020 - 07:49 (+02:00)

ДИРЕКТОРОТ НА ПАЛАНЕЧКОТО СОЦИЈАЛНО БИЛ НЕЗАКОНСКИ ВРАБОТЕН КАКО СЕКРЕТАР ВО УЧИЛИШТЕТО ВО РАНКОВЦЕ

По завршувањето на парламентарните избори кои се одржаа во 2006 година на власт доаѓа ВМРО ДПМНЕ. На 13.06.2006 година, директорот на училиштето во Општина Ранковци распишува оглас за секретар на училиштето, на неопределено време. Иако директорот знаел дека лицето не ги исполнува условите и критериуми за вработување, сепак го вработил лицето Гоце Цветковски, кој сега е директор на Центарот за социјални работи во Крива Паланка. Лицето имало работен стаж од 1 година и 5 месеци, а потребни биле 5 години работен стаж за да се изврши трансформација на работниот однос. Кога се одвивале овие незаконски дејствија во училиштето во Општина Ранковци, со општината раководел градоначалник кој доаѓал од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Директорот на Центарот за социјални работи во Крива Паланка треба да даде одговор какви релации имал со ВМРО ДПМНЕ и кој го штити! Нема правда, нема мир!

loading...