Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Заев: Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден, ќе ти оттргнеме од алкохолизмот“

Работам колку што можам, за сите проблеми да бидат решени, но не сум волшебник, истакна премиерот Зоран Заев вечерва од МРТ.

„Јас ги гледам проблемите. Не сум Дон Кихот или волшебник и проблемите од 28 години, јас за нешто повеќе од две години сите да ги решам. Имаме напредок, но и јас не сум задоволен. Да не сум премиер, подруго ќе реагирам. Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден, ќе ти оттргнеме од алкохолизмот“, додаде Заев.

Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТ нагласи дека верува во ефикасни судски процеси каде ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е. Рече дека не го обвинува само судството, туку и обвинителството.

– До ден денеска се прашувам како тоа Груевски е ставен по тој член за да делото брзо застаре, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството, рече Заев.

Смета дека треба да има ветинг и за политичарите, и во Министерството за внатрешни работи и во судството.

loading...