Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

Тројца „Алфи“ завршија по Ургентен – осуден на затворска казна удрил во нивното возило додека го бркале

Trојца припадници на единицата „Алфа“ попладнево се повредени во сообраќајна несреќа која се случила при обид да приведат лице кое се бара за издржување затворска казна.

mvr policiska-lenta[1]

Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било забележано лице кое се барало за издржување затворска казна во траење од четири години  во патничко моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки.

Оттаму појаснуваат дека од страна на полициските службеници му била издадена наредба да го запре возилото, но тој се оглушил на наредбата и со голема брзина се упатил кон скопската населба Железара. Од страна на алфите започната е потера по него и на ул. „Перо Наков“ лицето по кое се трагало со мерцедесот удрило во патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Министерството за внатрешни работи. Од сообраќајната незгода тргојца полициски службеници од Алфите се здобиле со повреди и пренесени се во Ургентниот центар.

loading...