Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Сопругот на Марија дури по три дена пријавил дека ја нема! По се изгледа он ја стругнал…

Веќе шест дена се трага по младата мајка Марија Брзакова од село Босилово, Струмица. Нејзе и се губи секаков траг откако во саботата рано наутро го напуштила својот дом, облечена во темни тренерки и влечки или патики, без документи и мобилен телефон кај себе.

Утре во осум часот наутро жители на Босилово и ловџии од тој крај се организираат да ја пребаруваат околината, во надеж дека ќе ја пронајдат Марија или пак ќе наидат на некој траг.

Настанот со исчезнувањето на младата мајка го предизвика интересот на јавноста. Жителите на селото исто така биле доста вознемирени од случката.

Хризантема Рендевска од СВР Струмица за ,,Фокус” потврди дека во потрагата ќе се вклучат ловџиите и жителите на општината, и покрај тоа што полицијата интензивно трагала по Брзакова. Таа ни ја потврди информацијата дека исчезнувањето на Марија (28) во полиција го пријавил нејзиниот сопруг во понеделникот, односно дури три дена по нејзиното исчезнување.

На нашето прашање зошто чекал толку долго, таа вели дека во интерес на истрагата не може да открива повеќе детали. Околу тоа дали полицијата има било какви сознанија околу тоа што се случило со Марија, и дали евентуално има сомнеж за вмешаност на некое лице во нејзиното исчезнување, Рендевска исто така одби да открие детали.

-Јасно ни е дека јавноста се интересира за настанот, но во интерес на истрагата не можеме да соопштиме повеќе детали. Истрагата е во тек и ќе покаже што се случило, и веднаш штом имаме конкретни детали ќе ги споделиме со јавноста – ни изјави таа.

Пред три дена, во телефонски разговор за ,,Фокус” Валентина, мајката на Марија ни изјави дека таа е сопруга и мајка која што никогаш не би си го оставила детето.

loading...