Search
сабота 22 февруари 2020
  • :
  • :

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија

Веќе пет дена семејството на Марија Брзакова (28) од село Босилово, Струмица, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата наутро излегла од својот дом и не се вратила.

Пред два дена во телефонски разговор  нејзината мајка Валентина апелираше до сите кои што имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде Марија, веднаш да се јават во полиција.

Утрото кога излегла од својот дом, таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.
Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

-Таа е мајка и сопруга, никогаш не би ја оставила ќеркичката – ни изјави мајката.

Денес од СВР Струмица ни потврдија дека потрагата по Марија се уште трае и се превземаат сите потребни мерки за нејзино пронаоѓање.

-Се пребарува теренот, вклучени се и кучиња трагачи. Повеќе информации не можеме да ви дадеме во моментот, во интерес на истрагата, и покрај големиот јавен интерес за случајот – изјави  Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

loading...