Македонија

Шилегов и шефот на кабинет се ,,селфираа“ со Кристоф Најдовски во Париз, a Ирена Попова и Жугиќ кај се кријат кај ци ти кај ци ти

Лани Шилегов

Си ги земал Јелена Жугиќ

И Ирена Попова

И заедно отишле во Париз
Ама никој тоа не го дознал

Срамота

,,Заменикот градоначалник на Париз, одговорен за јавниот транспорт во Париз, нашиот сонародник г-дин Кристоф Најдовски. Разменети искуства, кои во голема мера ќе може да земат простор во концептот на новиот јавен транспорт во Скопје.

Париз се става на располагање да ја помогне евроинтеграцијата на Скопје во асоцијацијата на европски престолнини“-пишува на ФБ профилот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

На официјалната страница на Град Скопје не е прецизирано колку денови ќе престојува Шилегов во Франција, туку пишува дека ДЕНОВИВЕ тој е во Париз.

,,Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во Париз, Франција каде  што одржува состаноци со заинтересирани страни на полето на урбаниот развој и меѓународната соработка.

Шилегов имаше излагање за приоритетите на Град Скопје пред членовите на работната група за одржлив град при МЕДЕФ (Стопанската комора на Франција), одржа индивидуални средби со заинтересирани компании коишто нудат свои производи од областа на градежништвото, енергетската ефикасност, урбаната мобилност, управувањето со отпад итн.

Во поздравниот говор пред стопанствениците Шилегов информираше за борбата со загадувањето како најгорлив проблем на Скопје, плановите за масовно зазеленување на јавните простори, третманот на отпадните води, субвенциите за градските и приватните автобуски превозници, како и развојот на велосипедизмот во Скопје.

– Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Зајакнувањето на меѓународните односи има големо влијание врз иднината на градот и затоа толку време и напори посветуваме на соработката. Се надевам дека француските компании ќе најдат начин како да ги искористат отворените врати на Град Скопје за со своите производи и искуства да помогнат во изградбата и модернизацијата на градот – изјави Шилегов пред присутните.

За денеска е планирана средба и со Флоранс Манжен, Директорка на директоратот за Континентална Европа при Министерството за надворешни работи и Европа на Република Франција.

Во декември 2015 година и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски беше во Париз и се сликаше со Кристоф Најдовски, кој е син на македонски емигранти од Битола.


„Беа разменети мислења околу актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Париз и Скопје, особено во сферата на заштитата на човековата околина. Во овој сегмент, Париз има постигнато забележителни резултати во последната деценија. Домаќинот го запозна Жерновски со визијата ’Париз 2020’, каде се набележани проекциите на главниот град на Франција во доменот на зголемување на зеленилото, како и на учеството на јавниот превоз и велосипедите во сообраќајот“,информираа тогаш од општина Центар.

На средбата била договорена конкретна соработка на Париз и општина Центар на техничко и експертско ниво.

Претходникот на Шилегов, во 2009 кога беше во посета на Париз,Коце Трајановски, по враќањето доби идеја да ја врати коцката на плоштадот, која претходно во 2003 година ја извади тогашниот градоначалник Ристо Пенов. Можеби да ја вратеше , немаше да се потрошат толку пари за сегашниот изглед на скопскиот плоштад!



Македонија

Заболени
218,194
+419
Мртви
7,688
+14
Излечени
204,685
Активни
5,821
Last updated: 08/12/2021 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.