Македонија

Релакс водата со канабис на рафтовите, Горска тврди дека нема забрана koj смее да не забрани кога газдата е прв сдсмовец во Кавадарци

Од Горска тврдат дека Агенцијата за храна не им наложила да ја повлечат Релакс водата со канабис туку само да додат на декларацијата дека станува збор за „освежителен безалкохолен пијалок“

„Горска“ досега не добиле никакво известување од Агенцијата за храна (АХВ) за повлекување на Релакс водата со канабис и овој пијалок се наоѓа на рафтовите во маркетите каде слободно се продава. Ова за НОВА го тврдат од компанијата „Кодинг Горска“кои за првпат излегуваат со став, кој е сосема спротивен на известувањето на АХВ дека наложиле да се отповика и повлече производот.

Од „Кодинг Горска“ за НОВА велат дека единствено што било побарано од АХВ, откако била инспекцијата, е да се додаде на декларацијата дека станува збор за „освежителен безалкохолен пијалок“, што велат дека било и направено.

„ Досега не сме добиле никакво известување дека водата треба да се повлече од продажба и сите производи се наоѓаат на полиците во маркетите. Производот е безбеден, проверен од Институтот за јавно здравје и е во согласност со законската регулатива, ( Правилник за барање во однос на квалитет на освежителни безалкохолни пијалоци( Сл.весник бр . 16/2013)“, изјави за НОВА Димитар Костадинов, сопственик на компанијата„Кодинг Горска Дооел“.

Димитар Костадинов, сопственик на „Кодинг Горска“

Од Горска велат дека Релакс водата со канабис е пуштена во продажба без претходна кампања во која ќе објаснат за каков пијалок станува збор, но тоа било направено бидејќи два месеца чекаат АХВ да се изјасни по нивното барање за како што велат,  здравствените придобивки од освежителниот пијалок.

„Барањето е поднесено на 1 декември минатата година, се уште чекаме одговор од АХВ. Без тоа не можеме да започнеме со рекламирање на производот. Долго работевме на создавање на овој производ и сакаме да докажеме дека можат да го користат и деца,  а има позитивни ефекти и врз здравјето на луѓето“, вели Костадинов.

Како што објави НОВА, од АХВ известија дека наложиле да се повлече водата и да се тргне  рекламирањето од фејсбук страната  бидејќи  „операторот го претставува и презентира производот како висококвалитетна функционална вода која содржи канабис, истакнувајќи медицински придобивки“.

„АХВ му наложи на операторот да го отповика и повлече производот. Овој производ не добил никаков вид на одобрување од АХВ. Означувањето, презентирањето и преставувањето на производот не се усогласени со законските прописи и се сметаат за измамнички кон потрошувачите“, се вели во известувањето, по претставка од граѓанин.

Во Горска пак велат дека никогаш на социјалните мрежи не пишувале за здравствените придобивки и затоа нема што да повлечат од таму.

„Никогаш на Фејсбук или Инстаграм не сме пишувале за медицинските придобивки од производот и тоа ќе биде така додека не го добиеме официјалното одобрение од АХВ токму во делот на здравствените придобивки, така што нема што да повлечеме од социјалните мрежи“, вели Костадинов.

Во компанијата се зачудени на ваквото известувања од АХВ за кое велат, не стигнало до нив. Во меѓувреме додека траат недоразбирањата и стигаат различни информации од двете страни кои по логиката на нештата треба синхронизирани, компанијата направила дополнителни анализи на Релакс водата со канабис каде што било потврдено дека не содржи ТХЦ.

Сопственикот на компанијата вели дека екстрактот од семето од коноп кој се содржи во пијалокот го увезуваат од Германија со одобрение токму од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Производот содржи природен екстракт од коноп (канабис) кој го увезуваме од германска компанија со одобрение на АХВ. Не содржи ТХЦ. Освежителниот пијалок  содржи и Б12, Б6, протеин, биотин и останати елементи кои добро влијаат врз организмот, што значи станува збор за витаминизирана вода“, вели Костадинов.

Не објаснија дали пијалокот содржи ЦБД,  но според литературата семето од канабис се користи во исхраната, како зрна, во смути или како масло за салати.  Во себе содржи Омега 6 масти(гама линоленска киселина)што се наоѓа единствено присутна во семето од коноп, како и одредени витамини и минерали. Горска во јануари започнала да ја извезува Релакс водата со канабис, во Швајцарија.

„Како може овој производ за ЕУ да е во ред, а во РС Македонија да не е“, вели Костадинов.

Тој вели дека и во Европа вакви производи се продаваат во маркетите, заедно со другите освежителни пијалоци. Од Горска се пофалија дека како производители на води, се единствената компанија од Македонија што се впишани во германскиот регистар на води од 2017 година, на што велат, се посебно горди.

Како нов производ Релакс водата го крши ледот на пазарот, но и создаде забуна кај потрошувачите, особено со амбалажата на која со големи букви пишува „канабис“.

 



Македонија

Заболени
218,194
+419
Мртви
7,688
+14
Излечени
204,685
Активни
5,821
Last updated: 08/12/2021 - 23:45 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.