Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

„Принципиелноста“ ги занеме и СДСМ и Црвенковски за сведочењето на Верушевски

Фотографија на Donko Gjosevski.

Го затече ли СДСМ сведочењето на Зоран Верушевски дека прислушуваните разговори биле носени во СДСМ, а не кај него лично и дека по неговото апсење бомбите доживеале стравотна модификација и компромитирање? Врвот на партијата молчи, а партискиот портпарол Костадин Костадинов изјави дека не може да коментира сведочења и судски процеси.

Без коментар „принципиелно“ остана и поранешниот претседател на државата и партијата Бранко Црвенковски, иако според Верушевски, бомбите во партијата почнале да се носат уште кога лидер на СДСМ бил Бранко Црвенковски, но дека неговиот наследник Зоран Заев решил да ги објави пет години подоцна.

Иако се обидовме да добиеме одговор за исказот на Верушевски, некои од потпретседателите на СДСМ не одговараа на телефонските повици, други не упатуваа дека сѐ во врска со сведочењето на Верушевски ќе одговори портпаролот Костадинов.

Но, Костадинов речиси и ништо да не кажа. Освен дека не коментираат судски процеси, портпаролот рече дека досега неколкукратно е потврдена автентичноста на снимките.

– Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите матријали, дополнително имајќи ја во предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО. Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако знаеме дека сега се е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК – рече Костадинов.

Костадинов не одговори кој ги доставил снимиките во СДСМ ,Верушевски или пак свиркачот Лазаревски.Тој остана на ставот дека свиркачи ги доставиле снимките.

Сведочењето за случајот на СЈО „Таргет- Тврдина“ на поранешниот рзаузнавач Верушевски не се совпадна со дел од исказите на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Тие тврдеа дека вадењето на податоците почнало во 2010 година и дека за ова му кажале на Верушевски, кој се вратил од дипломатска мисија во Рим. Според Лазаревски и Костовски, материјалите му ги дале на Верушевски, кој пак ги предал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Наспроти ова, Верушевски вчера во сведочењето рече дека Лазаревски бил едно од лицата кои донесувале документации во партијата со која комуницирал од 2010 до 2014. Според исказот на Верушевски, материјали имало и во времето на Бранко Црвенковски, но посочи тој, секој лидер си гради своја стратегија како ќе ги користи.

Верушевски рече и дека до неговото апсење во 2015 година имал контрола на материјалите, но за потоа не гарантираше.

– Што се случувало после, што се случува денеска, не знам. Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода – сведочеше Верушевски.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, сведочењето на Верушевски е потврда на нивното тврдење дека Заев е подготвен на сѐ само да дојде на власт.

ohrid sky

loading...