Search
среда 8 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Пријава против Јовески затоа што ѝ дозволил на Јанева да се однесува како обвинителка иако беше притворена

Македонија

Заболени
599
Мртви
26
Излечени
30
Активни
543
Last updated: 08/04/2020 - 08:40 (+02:00)

Кривична пријава против јавниот обвинител Љубомир Јовески беше поднесена денеска поради неговото одбивање да ја отстрани поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од функцијата веднаш штом ѝ беше определен притвор. Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, и во неа се вели дека Јовески извршил злоупотреба на својата службена положба со тоа што и дозволил на Јанева да остане специјална обвинителка и да дејствува од притвор.

Иако знаел дека е поведена кривична пријава и се определил притвор против лицето Катица Јанева, Јовески не презел службено дејствие за оддалечување од вршењето на функцијата Јавен обвинител. Додека истата се наоѓала во притвор се овозможила злоупотреба на службената положба од нејзина страна со испраќање на некаков писмен допис за предавање на сите кривични предмети кои до тогаш биле во работа пред тоа обвинителство, вклучително и оние предмети кои незаконски биле покренати по завршувањето на законски предвидениот рок од 18 месеци, пишува во пријавата против Јовески.

Според Здружението, со ова Јовески и Јанева им предизвикале значителна материјална и нематеријална штета на обвинетите.

Стручната јавност го осуди пренесувањето на предметите од СЈО на јавното обвинителство на Јовески како нечуен преседан, имајќи предвид дека специјалната обвинителка Јанева која го нареди тој чекор во моментот беше во притвор и требаше да биде лишена од сите нејзини овластувања. Владејачката партија СДСМ го поддржуваше ова решение, но деновиве сепак бара да се донесе системско решение за јавното обвинителство, откако тоа го побараа и меѓународни претставници.

loading...