Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Oваа српската конкубина да се затне не ќе дае лошо, Тијано ти ли најде да збориш србофилке мрш!

zoshto-ne-se-vratish-vo-taa-makedonija-ako-vekje-tolku-ja-sakash-tijana-dapchevikj-so-apel-do-hejterite-po-evrovizija-01.jpg

Тијана Дапчевиќ периодов гласно и од сè срце ја бодреше Тамара Тодевска на Евровизија. Таа ги повикуваше сите да гласаат за нејзината сестра и ја промовираше македонската евровизиска песна „Proud“.

Но, сега пејачката на својот Инстаграм профил откри дека се соочувала со низа критики и прашања, па одлучи јавно да им се обрати на „хејтерите“.

Го пренесуваме статусот на Тијана Дапчевиќ во целост:

„Тијана, зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија? Не пишувај така, подобро остани во Србија!“, „Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш“, „Дијаспората нè издаде“…

Е, сега да ве прашам јас нешто вас: Дали ја слушнавте песната? Дали навистина ја слушнавте или онака само ја претрчавте? Или вие веќе не умеете да слушате, ниту себеси, ниту некој друг. А сега да одговорам на вашите прашања:

PROUD е она кога твојата сестра на 6 години гледа телевизија и вика: „Јас ќе пеам тука“, иако во тој миг не ни знае која е таа самата, а не пак Евровизија.

PROUD е кога со месеци сме сите како на игли додека се бира песната, фустанот, настапот и додека сите ги филтрираат добрите намери од лошите идеи за да на крајот се добие настап со кој застанува времето.

PROUD е кога таа доаѓа на сцена, а јас имам впечаток дека дошло сè. И дека никој пред неа не бил таму.

PROUD е кога камерата покажува полн кадар на почетокот од песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако до пред 3 секунди не можев да дишам од трема.

PROUD е кога после настапот почнуваат да пристигнуваат овации од сите страни во облик на повици, пораки, солзи, смеа, навивање.

PROUD е кога знаеш дека секогаш имаше некој на кој можеш да се потпреш.

PROUD е кога по 15 години го земам виолончелото повторно во рака и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, затоа што сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара и целиот свој народ (а он на некои места е многу поширок од розовата линија во атласот) и сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие, дигиталните (не)луѓе, нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и веднаш сè ќе им добие поубава смисла.

С. С. | Црнобело

loading...