Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :

„ OLAF „ – ДОПРВА ЌЕ „ РАБОТИ „ ВО МАКЕДОНИЈА !!!

„ OLAF „ – ДОПРВА ЌЕ „ РАБОТИ „ ВО МАКЕДОНИЈА !!!
По почетокот со апсењето на Јахи Јахија, државен секретар во Министертвото за администрација по барање на ОЛАФ, европската служба против корупцијата, на удар извесно е ќе се најдат градоначалници, многумина пратеници, добар дел од Владата, судии и обвинители . . . . !
Пред неколку дена единствено македонската јавност беше изненадена како тоа да биде уапсен државниот секретар Јахи Јахија а се бара и негова колешка која не беше во државава, наводно поради службен пат. Апсењето а потоа и притворот беше во координација и барање на ОЛАФ, службата за борба со корупција на ЕУ а проследена преку полицијата на Италија . Тоа што Јахи Јахија е државен секретар и носител на прилично сериозни државни функции воопшто не беше проблем најдобрите и одбрани полицајци од европските земји членки на ЕУ да наложат негово и апсење на неговата колешка. Покрај позицијата и авторитетот на државен советник, Јахија како магистер на Универзитетот во Оксфорд, во владата ги координирал и селектирал кандидатите за државни службеници што само за себе говори за воспитно-квалитативната кадровска екипираност на владините служби под негова команда !? Но заврши во притвор а Судот под директна опсервација на ЕУ ќе реши колку се исплаќа да се крадат пари од европските држави !?
За пошироката јавност која не е запозната што преставува „ОЛАФ „, тоа е стручно тело за борба против корупцијата во ЕУ, земјите членки, кандидатки или трети земји каде може да се украдат парите од европските фондови. Дури и на една од прес конференциите на Владата на Македонија на новинарско прашање „Дали знаат дека постои и што работи „ ОЛАФ „ и какви надлежности и овластувања има, владините портпароли и присутните министри се изнасмеаја ! Сега, по апсењето на Јахи Јахија и неговата колешка со која заедно работеле и ја оштетиле државава за 38. 000 евра насмевките кај државните службеници на највисоки државни функции се се поретки , некако како замрзнати.И потсмевот и подбивањето со обвиненијата по кои судењата се во тек, сметајќи на коримпираното и поткупливо судство се се поретки . Бидејќи нивната власт и во корупцијата, завршува на границите на државава во институциите на сите нивоа, но, истовремено антикорупциските институции ги поминуваат границите на Македонија со спремни полициски лисици.
Но, ако Јахи Јахија како државен секретар и не е некоја високопозиционирана фигура, од неговото апсење и исказот што секако ќе го даде серизно се вознемирени и градоначалници, министри, пратеници, обвинители и судии ? Секаде каде во суштина е позиционира корупцијата а во државава таа владее токму во овие функции и нивоа на власт. И не е никаква мудрост да се предвиди дека следните истраги и апсења ќе бидат токму во овие кругови на државата се до Владата на Премиерот Заев. Токму затоа многу зачудува што тој најпрвин се осили, па потоа со откажа од реконструцијата на Владата, . . . не е чудно и под можна уцена од своите непосредни соработници со кои заедно решаваат за трошењето токму на парите од фондовите на ЕУ ! ? А законите на ЕУ, особено кога се работи за пари, важат за сите !
Блефот дека реконструкцијата на Владата на Заев е откажана поради „ветувањето „ на средбата со Ангела Меркел дека наесен ќе се добие веќе здодевниот и отечителен „датум за преговори „ е уште попровиден и посмешен бидејќи и кога – тогаш, кога ќе се се случи такво нешто, суштината на пристапувањето во ЕУ е да се примаат држави во кои нема корупција и не се краде од јавните пари ! А за пример, Европската комисија заради сомнение за незаконско прислушкување пред неколку години му го симна имунитетот и на Директорот на ОЛАФ, Џовани Кеслер кој претходно бил специјален обвинител за борба против мафијата на Сицилија ! Според ова може само да се насети што ги чека македонските државни службеници на високи позиции, се до државниот врв во контролата колку европски пари се украдени во изминатите 20 – тина години а и како ЕУ фондовите ќе се користат во иднина !?

Фотографија на Ilija Maksimovski.
Фотографија на Ilija Maksimovski.
Фотографија на Ilija Maksimovski.
Фотографија на Ilija Maksimovski.

Фотографија на Ilija Maksimovski.
loading...