Search
сабота 25 јануари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Ни венчавка, ни крштевка немав три години, затоа барам отштета од таткото на Боки, вели попот Стојчев, ПОПЕ А ПОГРЕБИ ФАНА ЛИ БЕ?

Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот. За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

-За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски.

Сепак, вели дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски.

-Им простивме уште поодамна и се молиме за нивно покајание, бидејќи судот Господов е последен. Нема да ја коментирам пресудата, важно е што некој собра храброст да го реши предметот, ако се земе во предвид дека некој ги заштитуваше повеќе од двеипол години – ни изјави попот кој е сосед со Миле Јовановски.

Настанот поради кој Миле заработи шест месеци затвор се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови. Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.

loading...