Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Колку чини најскапото вино во Македонија?

Македонија

Заболени
711
+48
Мртви
32
+2
Излечени
41
Активни
638
Last updated: 10/04/2020 - 14:59 (+02:00)

Виното е пијалок кој е дел од секојдневието на луѓето илјадници години. Многу може да се научи за историјата на човечкото општество преку проучување на историјата на самото вино, неговото производство и употреба. Виното се произведува на различни начини во различни делови на планетата, луѓето одгледуваат различни видови на грозје, и секогаш има различни видови на вино. Се верува дека денес во светот постојат речиси 5000 вински сорти на грозје.

Во Македонија покрај веќе познатите вински сорти кои се одгледуваат со векови наназад, од година во година се засадуваат најразлични интернационални сорти со што се зголемува присуството на нови вински сорти грозје кои одлично успеваат во нашава земја.

Сите вина можат да се категоризираат во 5 основни групи. Секоја од овие групи содржи стотици различни сорти на грозје, вклучувајќи ги и самите видови на вино. Петте основни видови вино се: црно вино (црвено вино), бело вино, розово вино, пенливо вино и десертско вино.

Овие пет основни типа на вино вклучуваат најразлични видови, односно под- видови вино, кои може да имаат различно ниво на сладост, така што постои и поделба на видовите вино врз основа на овој критериум. Имаме: суви, полу-слатки и слатки вина.

Вината можат да се поделат на типови и по квалитет, така што имаме: трпезни вина, трпезни вина со ознака на потекло, квалитетни вина со ознака на потекло, врвни вина со потекло, архивски вина, специјални вина и пенливи вина.

Најпопуларните сорти се: Cabernet Sauvignon, Pinot Noir, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Champagne…

На светска винска мапа, неколкуте македонски винарии котираат солидно, со цени кои се претежно пристапни, иако не можат да се мерат со вината кои достигнуваат цена и до 20.000 евра, каков што е примерот со виното од Бургиндија- Domaine de la Romanee- Conti Grand Cru.

Според реномираниот Wine- seacher, најскапото вино во Македонија изнесува 74 долари или 66 евра или 4.100 денари. Се работи за црвеното вино Chateau Kamnik Terroir Grand Reserva Vranec 2013, на винаријата Камник.

Оваа цена е без такса во повеќето од земјите каде што се продава, инаку вкупно чини 85 евра.

Но, според „Македонске делиције“, Era на винаријата „Бовин“ (црвено полу-суво вино) е на првото место со цена од 225 евра.

Еве ја листата и цените на македонските вина според Wine- seacher:

loading...