Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Кој е скопскиот градоналачник што ги изградил Собранието, Старата железничка и браната Матка?

Роден 1887 година во селото Тресонче, западна Македонија, во семејство на познатите градители, резбари и уметници Мијаци, Јосиф Михаиловиќ е човекот кој го претвори Скопје во модерен град. Во неговиот градоначалнички мандат се изградени највпечатливите зданија во македонската метропола – зградата на Вардарска бановина (денешно Собрание), Железничка станица (денес Музеј на град Скопје), индустријата за тутун „Вардар“ (денес зградата Монопол), Народна банка, Завод за социјално осигурување (денес Градска болница), зградата Ибни Пајко, дом на семејството Диќиџијан (денес хотел „Јадран“), браната Матка, каптажата Рашче…

Ова се само мал дел од зданијата што овој визионер ги оставил во наследство на граѓаните на Скопје. Колку е големо неговото значење за создавање на модерно Скопје, зборуваат плоштадите, улиците и цели населби.

– Во 1926 заминува за Англија, а потоа и во Париз каде што ги дополнува своите знаења и усвојува модерни урбани тенденции – зелени градови што подоцна ги применува и во Скопје. На 27 јануари 1929 година и официјално започнува неговиот мандат како претседател на Градското собрание, вели историчарот Милош Стојковиќ на трибината и изложбата во чест на Михаиловиќ која беше отворена во Музејот на град Скопје.

Откако Михаиловиќ е назначен, веднаш започнува со активности за да создаде од Скопје град. Првата работа која била неопходна е урбанистичкиот план. Тој извршил авионско снимање и геодетски премер на градот и го изработил генералниот регулационен план на Скопје и тоа според идејниот проект на белградскиот архитект Димитрије Леко, школуван во Цирих и Минхен.

Михаиловиќ го знаел и значењето на струјата за граѓаните на еден град, па она што било исто така фасцинантно е неговата иницијатива за изградба на брана на реката Треска, локацијата Матка, заедно со хидроелектрана. Изградбата е започната во 1935 и завршена во предвидениот рок (1938).

(Извор – Вечер прес)

loading...