Колумни

ЈАНЕВСКИ: Меџити покажа дека само нови избори се спас од ова приватно Собрание на Заев и Ахмети!

Дарко ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ: Меџити покажа дека само нови избори се спас од ова приватно Собрание на Заев и Ахмети!

Уште на самиот почеток од новата коалција на Зоран Заев и Али Ахмети, се покажа дека таа е „тенка“. Не само на интелектуален план, туку и од аспект на математика. Коалицијата има 62 пратеника, што значи дека за да може да функционира, не зборувам тука за крадењето и полнењето џебови – тука се ќе тече подмачкано – на секоја седница на Собранието ќе мора да бидат присутни сите пратеници.

Имено, за да може да работи, законодавниот дом мора да има кворум од 61 пратеник. Ако тој кворум не го обезбедува опозицијата, а белким нема да се закопаат со тоа, ниту еден пратеник од власта не ќе смее да отсуствува од било која причина. Не ќе смее да се разболи, не ќе смее да има било каква друга неодложна работа, не ќе смее дури ни да кивне – зашто во тој случај, Собранието не ќе има 61 присутен пратеник за да може да ја одржи седницата.

Всушност, Изет Меџити денеска покажа дека ова ќе биде коалиција на бескрајни и секојдневни уценувања – од пари, тендери, вработување на тетки, стрини, снаи… до „фаќање врски“ за некој што има проблеми со закони, носење вакви или онакви пресуди и сл. Практично, знаејќи дека без него не се може, секој малку поодважен пратеник кој не може да биде уценуван од Заев и Ахмети со нешто друго, ќе може да ја блокира нивната коалиција, се додека не му биде исполнета желбата.

Нормално, кога на еден ќе му биде исполнета желбата или ќе биде искеширан на еден или друг начин, ќе се јави друг. Па трет, четврт… И тоа е влегување во волшебиот круг. Не дека тој и досега не постоеше, но распадот на ВМРО-ДПМНЕ со предавството на оние осумина, одработувањето на Мијалков, Тодоров и сличното друштво против ВМРО, му донесе прилично удобна позиција на Заев во изминатите три години. Нормално, со негова завидна улога, со улога на Катица Јанева, на Јовески и Рускоска, Кацарска итн., но релативната удобност постоеше. Сега, ако Мицкоски, Села и Гаши ги држат компактни своите луѓе, позицијата на Заев и Ахмети драстично се менува.

Тоа дополнително ќе предизвика колапс на државата која и онака не функционираше. Тој колапс ќе бидеме прикриван со уцени, со пари, дополнително ќе биде впрегната медумската машинерија на СДСМ и ДУИ на што ВМРО (и Алијансата) нема да може да парира, но независно од тоа, колапсот ќе дојде. Тоа нема да се случи од утре, бидејќи најверојатно, на крај, ќе падне договор и со Меџити и Зибери, па тие ќе се вратат во Собранието за изборот и на Џафери за претседетел на Собранието и за владиниот состав, седница на која нема што да бараат опозиционите 59 пратеници, кога веќе тврдат дека изборите биле со масовен поткуп. Но, проблемите за СДСМ и ДУИ ќе почнат откако тој избор ќе помине.

Единствен излез од таа ситуација се нови избори. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го спомнаа ова веднаш по изборите, Заев одговори дека нема потреба од тоа зашто резултатите ќе биле исти (ете го новиот пророк на Земјата) и тука „дебатата“ заврши. Но, првата седница покажува дека новите избори се нужност, иако, како што реков, Џафери ќе биде избран, а потоа ќе биде избрана и Владата. Тогаш ќе почнат вистинските уцени и од другите. Секој ќе уценува секого, секој ќе биде со секого и секој ќе биде против секого. Некое рвеме тоа ќе се смирува со пари, со вработувања со сметки за патни трошоци, со бизниси, со се и сешто… но тоа нема да трае вечно. Впрочем, ќе трае многу пократко, отколку што се мисли, под услов, опозицијата, и македонска и албанска, заедно да ја стави власта во менгеме и како што и доликува на една опозиција – да се однесува опозиционо. И да ги направат потребните чекори, чие отсуство им беа слабост на последните избори!

Патем, едно прашање: Дали Стево Пендаровски ги поднесе на потврда на Собранието неговите одлуки за вонредна состојба? Ако заборавил, вреди да се потсети дека тие одлуки, според Уставот на Република Македонија, а и според Уставот на неговата Северна, подлежат на одобрување од Собранието на првата седница кога тоа ќе биде во можност да се состане. Првата седница веќе почна, требаше да се продолжи денеска, одложена е за утре, а одобрувањето како точка на дневен ред треба да дојде веднаш по изборот на претседател на Собранието. Зар не, Стево?



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 16/10/2021 - 14:34 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.