Search
недела 22 септември 2019
  • :
  • :

Јанева бара трпение за да се разјаснат случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ може се заљубила у Трифун Костовски па не кажува за поштенска

катица јаневаа

На излегување од Обвинителството, Катица Јанева застана пред новинарите и потенцираше дека е повикана како сведок. Тоа што се појави со адвокат на распитот не и е забрането. Одговорите на новинарските прашања и беа отсечни. Таа не чуствува вина како и тоа дека не знае каде е бизнисменот Орце Камчев. Побара трпение кога се ќе стане јасно зошто е предложено спогодбени решение за враќање на парите во случаите „Империја“ и „Поштенска банка“.

„ Бидете трпеливи. Не смеам да го кажам тоа бидејќи ова е истрага и треба да знаете и тоа е општо познато дека во истрага не се споделуваат информации. Се надевам дека ќе има судење каде ќе бидете присутни, им возврати Јанева на новинарите.

Инволвираноста на специјалната обвинителката Катица Јанева во случајот Рекет се покажа преку објавените телефонски разговори во италијанскиот весник Ла верита. Досега во обвинителството за организиран криминал за случајот сведочеа и нејзините колеги Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

loading...