Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Индијанци и каубојци, работава а?

Континуираната работа не се брише со две – три плунки спроти ветер, навечер по пижами! Манекенството е професија а не повремено хоби!Новинарството стана цена за материјална егзистенција а не материјализација на скриени вистини. Костимографијата и корупцијата се прирок. Историјата е наука, географијата се бразди на лицето и челото и илјадници непроспиени ноќи, прочешлани списоци и храброст во одлуките!

Бегањето од одлуки, бегањето од Новото е одлика на оние луѓе кои остареле и кои се на работ од политичко опстојување! Желбата на Народот е чесност а не претовар! Така да Човеците се тие кои треба да се Пријатели, за разлика од потбуцнувачите. Не може радиоактивно озрачени еднинки со профит и делба на кеш да симулираат симултанка со профи шахисти!? За…те работа, времето на доколенки, кеш и десно маде е минато, оти видовме резултатите!Така да, единствен Егзит за излез е Залезот на ваквите рекетари, блујачи, квази политичари, квази новинари, квази Човеци…За Вас имам Порака: Има само една Вистина, а тоа е Македонија! Знаењето е моќ која е индивидуална а како ќе се искористи е моментум.Повеќе искри на паралелни случувања создаваат нов Млечен пат!?

Планетата на Силата е со желба За над Квизак-Хатерак! Но… Тој пак ќе се роди!? Дали како Александар, дали како Гоце , дали како Ченто, дали како уставобранителите… Тој, Квизак-Хатерак е во секој од нас! Дистинкција е во неговата активација во моментот на реакција?! Дали си Македонец постојан континуирано, или на рати опстојувач од туѓи плати! Дочекавме време на наместени планети, средени тендери, очекувани абортуси, исповраќана иднина, сменето минато, разобличен и умови а ,,другари”, несмасна владеачка номенклатура, желба за 02, а сепак хипоксично барајќи милост од новата, понудена млада жена во темна уличка а девица и што уште не… Излажани чеда, износени чорапи, избодени грбови, сменети име, презиме, надимок и улица, нарушени параметри на општествено општење-разлика помеѓу Човек и Анимале, помеѓу норма и девијација, помеѓу ноќ и темнина, ден и светлост, слични а различни, по Концепт и по Револуција!?

Бог со нас! Бог со Македонија!

loading...