Search
среда 20 ноември 2019
  • :
  • :

Филип Секуловски Кобра, осомничен за убиството за Мартин Јанушев ќе биде спроведен во Шутка

Филип Секуловски Корба, кој беше во бегство речиси две години, осомничен за убиството за Мартин Јанушев е обезбеден во полициска станица и треба да биде однесен во затворот Шутка, дознава Телма. Според нашите извори тој сам се пријавил во полиција но, не поседувал важечка лична карта.

Директорот на затворот Скопје, Есан Рахиќ за Телма вели дека очекува вечерва да биде донесен во затворот.

Младиот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 4-ти ноември 2017 година во скопската општина Аеродром, за брзо време полицијата го откри убиецот Филип Секуловски, па против него беше распишана меѓународна потерница.

Викендот кога се случи убиството, 3-4 ноеври 2017, Кобра бил на слобода иако требало да отслужува шестгодишна затворска казна за недозволена трговија со дрога но, по слободниот викенд не се вратил во затвор.

На местот на убиството беше најден пиштол кој бил на убиениот Јанушев. Подоцна беше утврдено дека станува збор за пиштол кој е украден и користен во повеќе кривични дела. полицијата никогаш не соопшти повеќе детали за оружјето и како стасало до убиениот. Инаку во време на убиството братот на Јанушев работеше во полициската единица алфи, додека таткото на убиениот Мартин е полицаец во пензија. Првични мотиви за убиството се дека станува збор за пресметка во скопското подземје.

Министерот Спасовски уште во ноември 2017-та кога беше поднесена кривичната пријава против Секуловски изјави дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање. Две години подоцна Секуловски според првичните сознанија сам се пријави во полиција, аза него беше распишана и меѓународна потерница.

loading...