Search
среда 8 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

EMИЛ ЈАКИМОВСКИ БАРА ВРАЌАЊЕ НА РАБОТА ВО ЦРМ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ВО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА

Македонија

Заболени
599
Мртви
26
Излечени
30
Активни
543
Last updated: 08/04/2020 - 08:29 (+02:00)

Емил Јакимовски, кој во неделата на 12 јануари доби отказ од Централниот регистар, незадоволен од ваквото незаконско решение, како и од „незаконско работење и не познавање на законите од страна на доносителот на ова решение“, во понеделникот на 20 јануари поднел приговор до Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија во кој бара да го огласи за ништовно „Решението за откажување на договор за вработување“ поради неуставност на Решението, незаконитост на Решението, неправилно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Тој во исто така бара и разрешување на директорката на Централниот регистар на Република Македонија, Марија Бошковска Јанковски поради надминување на  нејзините надлежности.

Имено, Јакимовски во својот приговор наведува дека директорот на Централниот регистар, повикувајќи се на непостоечки колективен договор, му има изречено отказ, при што, како што додава, треба да се има предвид дека со ваквото неуставно и незаконско решение директно му се нанесува материјална штета, а согласно член 353 ставови 1 и 2 од Кривичниот законик: „Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

Според приговорот, до кој има пристап и редакцијата на нашиот портал, е наведено дека директорот на Централниот регистар веќе ги пречекорил своите службени овластувања (како во однос на склучување на колективниот договор така и во однос на незаконското откажување на неговиот работен однос), при што потешко ги има повредено неговите права од работен однос (кои се загарантирани и со Уставот), со што веќе се исполнети условите од член 353 став 2 од КЗ (за што се наведува дека по окончување на постапката по овој приговор ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава).

„Колективниот договор на Централниот регистар  бр.0102-96/1 од 26.8.2019 година и бр.01-1170/1 од 26.8.2019 година, на кој се повикува директорот при донесување на решение за престанок на работниот однос не е објавено ниту на веб страната на Централниот регистар, а ниту во Службен весник па оттука истиот воопшто не може да се применува“, стои во приговорот каде што се цитира и член 232 од Законот за работните односи, со кој се регулира склучувањето на колективните договори е пропишано дека „Колективните договори мора јавно да се објават“.

Покрај ова, Јакимовски во приговорот наведува и напоменува дека на денот на донесувањето на Колективниот договор бил на боледување и дека ниту бил информиран, ниту можел да биде информиран за правата и обврските кои произлегуваат од тој Колективен одговор, што е и дополнителен аргумент дека ова неуставно Решение треба да биде прогласено за ништовно од страна на стручниот Управен одбор, составен од врвни експерти во својата област.

„Со оглед на ваквите тешки повреди на Уставот и законите, кои се основ за кривична одговорност на директорот, а со тоа и за поништување на решението за престанок на работниот однос и за разрешување на директорот, мислам дека е непотребно да се укажува во останатите причини за ништовност на решението на директорот, како што е погрешно утврдената фактичка состојба која најдобро се огледа во небулозата напишана во образложените дека работниот однос ми се раскинува заради грубо однесување со странките, а јас веќе 20.07.2019 година сум се водел на боледување, што значи дека не сум имал никаков контакт со странките“, стои во приговорот.

Во продолжение на приговорот на Јакимовски, освен наведените повреди, е посочено дека се направени и многу други, како на пример дека решението е донесено во недела, па како што наведува тој: „се поставува прашање што директорот и останатите вработени кои учествувале во подготовка на овој криминален документ работеле во недела, како смеат да имаат пристап до печатите и штембилите на Централниот регистар во недела, дали лицето што е овластено да ракува со печатите и штембилите било присутно во недела на работа, или пак во институцијата за чија законитост во работењето сте одговорни вие како членови на Управниот одбор, кој сака, кога сака може да влегува и да става печати и штембили“.

На крајот од приговорот, Емил Јакимовски му предлага на Управниот одбор на Централниот регистар да ги има предвид сите претходно направени повреди на уставот и законите и да го поништи Решението за отказ донесено од директорот на Централен регистар и да ја преиспита законитоста во работата, како и да го разреши директорот на Централниот регистар.

линк до оригиналот тука

loading...