Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Едвај го ослободивме Кратово од Ѕинго за овие од СДСМ да го крадат?!?!

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 3 лица за злоупотреба на службена положба и овластувања и за фалсификување на исправа, бидејќи, според МВР, и овозможиле на кумановската градежна компанија „КООП Инженеринг“ да стекне противправна имотна корист од над 2 милиони денари. Според полицијата, осомничените незаконско овозможиле компанијата да наплати средства од Општина Кратово, во висина од постигната сума на тендерска постапка за изградба на регионален пат, иако патот не бил завршен, пренесе Фокус.

„С.Т. и К.Н., вработени како машински, односно градежен инженер во „КООП Инженеринг“ Куманово, на 29.11.2018 изготвиле и своерачно поптишале Градежен дневник и Градежна книга со невистинита содржина дека наводно градежните работи според основниот проект за реконструкција на локален пат во село Близанци биле во целост завршени, иако воопшто не биле ни започнати. Ваквите документи со невистинита содржина, Љ.Т. во својство на надзорен орган со лиценца, назначен од страна на инсвеститорот, општина Кратово, со Писмен налог за вршење на стручен надзор над градби во општина Кратово за 2018 година, со свој потпис како вистинити ги оверил, по што изготвил и со свој потпис и печат заверил Завршен извештај и Извештај за извршен Технички преглед од надзорен инжинер со невистинита содржина“, соопштија од МВР.

 

loading...