Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Еден од газдите на ајварот „Мамас“ Канал 5 ја нарече Анал 5, следува пријава

Косопственикот на струмичкиот бренд познат по ајварот МАМАС, вчера на својот twitter профил објави пост во кој нашата компанија на нарече Анал 5, реагира Канал 5телевизија и најаува пријава поради изречениот говор на омраза.

„Twitter постот на еден од споствениците на МАМАС, Калин Бабушку,  беше полн со говор на омраза и навреди кои не доликуваат на еден интелектуалец и бизисмен, особено не на човек поврзан со овој бренд. Неговата омраза беше насочена кон нашата ТВ куќа но и уште една членка на медиумската асоцијација ММА, така што Канал 5 ТВ утре ќе поднесе соодветни поднесоци до Судот и Обвинителството, со  цел заштита на нашиот углед, но и заштита на севкупната јавност од ваквиот говор на омраза и вербален примитивизам.

Истовремено за овој скандал ќе ја информираме Американската Амбасада, делегацијата на ЕУ во Македонија и особено Британската Амбасада, која е носител на кампања против лажните вести и говорот на омраза по медиумите и социјалните мрежи“, вели Канал 5.

loading...