Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

Дацо Белски избегал од домашен притвор бил виден на пазар купувал грав

Според официјални извори од МВР, при последната проверка на полицијата извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. Во моментов, се трага по бегалецот

Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор

Драганчо Стоименов, алијас Дацо Белски, осудуван или под истрага за повеќе кривични дела, избега од домашен притвор, според информации од нашите соработници во Кочани. За Белски последен пат се слушна во јавноста откако доби притвор како осомничен за обид за убиство, по пукањето во ресторанот „Аква“ во Кочани минатата пролет. Тој самиот се предаде на властите во април.

Тој ѝ е познат на јавноста и од случајот Детонатор, кога во 2012 година, со полициска акција во источниот дел на земјата беа разрешени 13 полициски началници и командири, беа запленети околу 1.000 покер апарати, 14 лица беа осудени на затворски казни. Во тој случај, Дацо Белски беше на „оштетената страна“.

„На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор. Според надлежноста, полицијата прави проверки неколку пати во текот на денот. При последната проверка, извршена вчера, констатирано е дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“ – изјавија официјални извори од МВР

loading...