Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

Браќа по другарство

Ако не ви се допаѓа политичката номенклатура, Вие слободно можете да си заминете. Не е важно каде! Не е важно кога! Оваа власт не е заинтересирана за иднината на македонскиот народ. Позначајно и поважно е коруптивното работење на значајни високи структури кои користејќи ги своите позиции, остварувале неверојатни суми. Странски компании, здравство, лекови, тендери, италијански фирми, рекети, Л. В. чанти и еден куп бајадери од политичкиот шлаг. И види, ако немаш пари да платиш ќе ти најдеме лихвар па ќе заглавиш двојно. Да му се одмили животот на човека кога знае дека на крај на месец треба да си плати за воздухот кој го дише, да биде заштитен од чавките кои какаат одозгора и на крај да има мирен сон. Е, сонот се плаќа најскапо! Затоа и сонот на младите е да сонуваат на други подалечни места.

Нивните соништа не се поврзани со снискоста на лажните ликови од политичкото небо. Богата држава бре! На толку крадење, силување, џапање и пак на 10-ти плати!? До кога само?

Има ли крај оваа агонија во која живее македонскиот граѓанин? Без записници се тераат процеси, се елиминираат опоненти по договор надвор од секаква рамка… Едноставно Законот на Посилниот!? Право??? Што беше тоа? Секој новинар кој ќе се окуражи да изнесе факти и голи вистини се распнува од власта и се држи на кратки узди преку уцени и под постојан политички прогон, јавно плукан и оценувам… А Народот не е ниту Судија, нити Инспектор, ниту пак има некакво право на глас. Во оваа наша небиднина(од нас) никогаш порано не постоела ваква правна несигурност.Капиталистичкиот измислен комунизам и,, плава крв” не излегоа од мода и после 30 години.

Несовршеноството на природните нагони никако да ја зарази лозата на контрибуторите на македонската смрт!? Тие се венчани за функции, раководни места, пратеници, советници… тие се движечка сила на Почетокот на Крајот на една златна држава. А и која држава? Намалете тоа прашокот,, другари”, а вие,, браќа” бидете браќа или одете во…

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

loading...