Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Бота сот: Руски разузнавач бил вмешан во Крвавиот четврток во собранието

“Да се убијат Заев и Села” била пораката на руските разузнавачи до екстремно десничарските групи во Македонија на 27 Април 2017, пишува порталот Бота сот.

Се знае и името на рускиот разузнавач, кој ја предводеше операцијата со помош на Горан Живаљевиќ, српски разузнавач во Скопје, пишува порталот.
Неговите иницијали се В. Ф, и работи во земја соседна на Северна Македонија.

Координација била направена неколку дена претходно во мало приморско место во Бугарија каде што вили имаат припадници на руското воено разузнавање (познато како ГРУ).
-Планот бил детално разработен во Белград ден подоцна во приватна куќа – изјави за порталот поранешен припадник на македонското контраразазнавање кој сакал да остане анонимен.

Иако проруските протести во Скопје беа отпочнати претходно, на 27 Април хулиганите упаднаа во парламентот.

-В.Ф. подолг период бил активен во Скопје и во текот на овој период го регрутирал Живаљевиќ. На критичниот ден, кога беа нападнати Заев и Села, тој телефонски го контактирал Живаљевиќ и му се заканил дека доколу овие двајцата останат живи тој ќе “му плати” и ќе му ја разоткрие сета преписка – рекол изворот за порталот.

Во меѓувреме Живаљевиќ отишол на местото на астанот, што стана познат скандал. Таму си направил селфи за да му докаже на својот ” руски шеф” дека е во парламентот.

Се откри дека Србија е инволвирана во овој скандал и поради тоа во меѓувреме сиот персонал беше повлечен од амбасадата во Скопје, што стана голем допллматски проблем меѓу Белград и Скопје.

Најпосле, земјите постигнаа договор за повлекивање на припадниците на разузнавање од нивните амбасади.

извор

loading...