Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

Боки 13 користел обезбедување од МВР

Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски од почетокот на оваа година користел обезбедување од МВР, отри директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за „Код“.

„Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал слижбено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата ‘Инсајдер’“, вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Доколку МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа, што практично значи згаснување на телевизијата.

„Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа“, додава Трајчевски.

loading...