Од Апелација за Фокус, велат дека за да ја донесат оваа одлука ја имале предвид здравствената состојба на Јaнева, тоа што три месеци поминала во притвор, истрагата е завршена и има обвинение, па нејзиното присуство може да се обезбедува и со поблага мерка.

Јанева нема да се врати во Гевгелија, туку домашниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син. Претходно Јанева престојуваше во изнејмена куќа за која месечно се плаќаше по 400 евра. Судењето за Јанева ќе почне на 3 декември.