Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

,,ЗЛАТНИОТ ПОГЛЕД,, НА ПЕНИСОТ НА УШКО

,,ЗЛАТНИОТ ПОГЛЕД,, НА ПЕНИСОТ НА УШКО

,,Сакам македонската јавност да разбере што се случува во Охрид, во делот од х. Парк купен од кичевскиот ,,бизнисмен,,, новопечен охридски хотелијер, ГОРАН ТРИПУНОСКИ УШКО. Работев во хотелот две години, доживеав и се нагледав страшни работи, главното што го видов е немоќна држава, клекнати инспекции, политичари, пратеници и функционери гладни за бесплатно јадење, пиење, спиење и за проститутки. Видов малтретирани и злоупотребени колешки, сексуално уценети, натерани да се облекуваат како проститутки за да задоволат гости со таков вкус и барања.

За само година дена големиот газда Горан Трипуноски Ушко смени 43 вработени, од кои 32 собарици. Ги доведуваше и вработуваше без критериум, а ги отпушташе за најмали ситници, со многу навреди, понижувања и газење на човечкото достоинство. Наместо хотел Парк т.е. дел од хотелот купен од него, она што го нарече ,,GOLDEN WIEV,, (во превод ,,Златен поглед,,) стана бордел низ кој дефилираат гости желни за таква забава, а повеќе од упорно се трудеше вработените да ги вклопи во таквиот стил на работа. Бидејќи е исфрустриран и сексуално оптоварен, на робинките кои ги нарекуваше вработени упорно им се нафрлуваше како да е сопственик на нивните тела или макро, па тврдеше дека мора секоја да ја ,,проба,, за лично да се увери дека е способна за ,,работа,,. Една по една, после такво грозоморно искуство со Горан Ушко, напуштаа работа, оти не беа дојдени да се проституираат туку да работат за плата, да одработат и да си заминат дома. Најдрастичен случај е кога на една собарица и рече: ,,Донеси кафе во собата, ќе видиш што имам на пенисот!,,. Девојката си замина веднаш, го остави Ушко без кафе и без да го посети во соба, без да му го види пенисот. Така си заминуваа една по една…

Трагично е што хотелот го раководи неговата малолетна необразувана ќерка. Едвај некаде завршила основно образование, а за да има какво такво образование, таткото Горан како голем газда и купил диплома од приватно средно училиште. Последица од такото управување со хотелот е паѓање во несвест на вработена, после неиздржлива психичка и физичка тортура, носење во болница со итна помош, а таму Горан Трипуноски Ушко итно дојден да објаснува на медицинскиот персонал дека со жената нема ништо, дека не ја познава, а таа облечена во униформа која ги има сите обележја на ,,GOLDEN WIEV,,. Жената несреќно се согласила да работи кај него неосигурана, на диво, имала несреќа и да и се слоши на работа, па во болница да го слуша Горан Ушко како и вели: ,,Не ме познаваш, не си ме видела никаде и никогаш, ако кажеш поинаку пекол ќе те снајде, ќе те најдам каде и да си!,,.

Во делот на ,,легалното,, работење Горан Трипуноски е сконцентриран исклучиво на перење пари низ ,,GOLDEN WIEV,,. Јавна тајна е дека е лихвар и дека тоа му е главниот извор на приходи. Тие нелегално стекнати приходи мора некаде да ги ,,испере,,, да минат низ платен промет. Сестра му е вработена во УЈП, раководителка на дирекција Кичево. Го научила братот Горан да пронаоѓа што повеќе лични карти и да ги внесува како да биле гости во ,,GOLDEN WIEV,,, спиеле, јаделе, пиеле, користеле вонпасионски услуги, итн. Сите нас вработени не тераше да му носиме лични карти од наши роднини кои не се од Охрид, за да ги внесува во деловодните книги како да биле гости.

Ама проблем е што тие луѓе кои се евидентирани како гости на ,,GOLDEN WIEV,,, не знаат ниту дека постои, па ако биде направена макар една контрола од УЈП или пазарна инспекција, ќе биде констатирано дека никој од тие лица никогаш не бил тука ниту до рецепција. Проблем тука се и надзорните камери кои можат да бидат искористени ако макар случајно некоја инспекција посака да го докаже, иако е голема веројатноста дека Горан газдата редовно ги брише снимките за да нема доказ што се случува во хотелот.

Инаку, компјутерот на рецепција освен за работа на хотелот, неговата сестра како претседателка на СДСМ во Кичево го користи и за партиски цели, на хард дискот си стои архива за целата оперативна работа на оваа партија во Кичево. По оваа објава веројатно ќе го тргнат тој хард диск, ама има десетина сведоци дека ова се случува…

НАПОМЕНА: направив обид да контактирам со Трипуноски уште пред првата објава, кога ја публицирав пријавата против него за перење на 7 милиони евра, поднесена до УЈП. Трипуноски на посредникот му рекол дека нема намера да контактира со мене и да одговара на мои прашања. Инаку, тој не сака да се слика, нема негови фотографии, избегнува сликање. Фотографијата во прилог (како влегува во црн џип) е направена без негово знаење…,,

Фотографија на Zoran Bozinovski.

(текстот е исповед на поранешна вработена)

(продолжува)

loading...