Искачувањето беше прва активност на „Калин Камен” од почетокот на годината.

-АКЦИЈАТА Е СПРОВЕДЕНА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ, СО РЕЛАТИВНО ДОБРО ВРЕМЕ, ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД ОКОЛУ ДЕСЕТИНА САНТИМЕТРИ, ШТО ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА РАЗУБАВИ ИДИЛИЧНАТА АТМОСФЕРА ВО ПРЕКРАСНИОТ АМБИЕНТ И ПРИРОДА ВО ОВОЈ ПРЕДЕЛ ОД НАШИОТ ГРАД, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА „КАЛИН КАМЕН”, РАДМИЛА КРСТЕВСКА.

До крајот на месецов и во февруари, Здружението ќе организира планинарски акции за искачување на врвовите Чупино Брдо и Царев врв на Осоговските планини, а ќе го организира и т.н. Февруарски поход.

„Калин Камен” на осми февруари ќе одбележи и мал јубилеј, пет години од формирањето.