Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ЗЕМА ПЛАТА НАД 1000 ЕВРА: Колку е богат Јахи Јахија кој доби притвор ?

Фотографија на Skopjeinfo.mk.

Државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија заврши во 30 дневен притвор откако е осомничен за примање на поткуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.

Според податоците на сајтот на МИОА Јахија на функцијата доаѓа во 2011 година.

Таму нето платата која ја добива изнесува 62.452,00 денари или над 1000 евра.

Од 2000 година работи во Агенцијата за администрација како советник за односи со јавноста и државен советник за координација и селекција на државните службеници. Тој исто така од 2011 е член на Управниот Одбор на ReSPA (Регионална Школа за Јавна Администрација), Црна Гора. Во 2014 станува претседател на Управниот Одбор на ReSPA. Од 2015 година е Член на Регионален Центар за Државна служба, Астана Казахстан. Г-дин Јахија има диплома за студиите по новинарство на Универзитетот во Тирана – Албанија. Во 2003 година станал Магистер на Политички науки на Oxford Brookes University во Оксфорд, Велика Британија. Во 2017 станува Кандидат за докторски науки од областа на Јавната администрација, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола.

Според анкетниот лист за имотната состојба Јахи Јахија пријавил куќа со двор во Куманово проценета на над 6 милиони денари и мототно возило Сеат ибица 2008/2008 вредно над 550 илјади денари.

Во анкетниот лист Јахи уште пријавил и две штедни книжки една девизна а другата денарска.

На име на родителите пријавил имот, односно куќа со двор во вредност над 922 илјади денари.

loading...