Пратеникот од редовите на СДСМ Мухамед Зекири, реагираше по изјавата на Бујар Османи дека ДУИ се вознемирени откако претседателот Стево Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.

– Бујар вознемирен, а Артан вчера кажа дека биле координирани со претседателот Пендаровски…. ццц. ДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции… Не бе луѓе треба да сфатите дека има луѓе со кредибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени. Секоја чест и честитки за тимот претседателе Стево Пендаровски!!! – искоментира Зеќири на Фејсбук.