Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Затвореник од Идризово избоден со нож

Затвореник во Казнено-поправната установа Идризово вчера бил избоден со остар предмет по расправија со друг затвореник.

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира дека инцидентот е пријавен во СВР Скопје вчера во 20:05 часот.

Според пријавата, 42-годишен Б.Р. од село Студеничани бил повреден околу 18:30 часот во една од ќелиите откако претходно имал расправија со затвореникот С.Б. (35).

Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...