Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Загина првата жртва на новиот автопат Штип – Миладиновци, возел во спротивна насока

Загина првата жртва на новоотворениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип, кој беше пуштен во употреба оваа недела. Очевидци велат дека загинатиот управува со нерегистриран мопед и се движел во спротивна насока.

Станува збор за триесет и едногодишен маж од Велес кој управувал со мопед при судар со автомобил на потегот од Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила.

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.

 

 

loading...