Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Заев одговори зошто не присуствувал на инаугурацијата: Имам право на одмор и ми треба малку да се одморам

Отсуството на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната инаугурација на претседателот, Стево Пендаровски, падна во очи кај јавноста. На Заев му замерија што одлучил да користи слободни денови токму во период кога се случува толку важен државен настан. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се толкува како голем пропуст.

Тој се огласи во врска со ова и вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.

„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“.

Инаку, на церемонијата не беа присутни ниту лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ниту противкандидатите на Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река.

Од кабинетот на Џафери велат дека Мицкоски, Силјановска и Река не биле поканети затоа што „Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите“.

И Доказ утринава го контактираше Премиерот кој ни потврди дека не е болен добро се чуствува и сака малку да одмори се заблагодари на сите кои се грижат за неговото здравје.

loading...