Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Заев избра 30 општински претседатели на СДСМ, половина се нови на функциите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, назначи 30 претседатели на општински организации на СДСМ, од кои половина се нови кадри на овие позиции, додека половина ја вршеа оваа партиска функција и пред одлуката на Заев да ги разреши сите општинските претседатели во рамки на операцијата „метла“, најавена меѓу двата круга од претседателските избори.

-Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации. Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата – изјави портпаролот на партијата, Костадин Костадинов.

Тој ги прочита и имињата на претседателите на општинските:

-Чучер Сандево – Ацо Ушковски

-Богданци – Никола Страторов

-Конче – Благој Илиев

-Радовиш – Коле Чаракчиев

-Дебар – Азем Фејзоски

-Охрид – Лазе Таневски

-Струга – Соња Стојкоска

-Штип – Александар Кангалов

-Ѓорче Петров – Александар Гиновски

-Карпош – Марија Ѓоргиевска

-Крива Паланка – Михаил Дејановски

-Росоман – Ленче Стојанова

-Свети Николе – Елизабета Јованчева

-Кочани – Гоце Серафимов

-Лозово – Антонио Ангелковиќ

-Виница – Тони Велков

-Пехчево – Славчо Пандурски

-Брвеница – Даниел Антовски

-Кратово – Горан Ковачевски

-Шуто Оризари – Ферат Асан

-Ново Село – Живко Георгиевски

-Чашка – Горан Стојановски

-Берово – Јован Матеничарски

-Делчево – Влатко Величковски

-Крушево – Трајче Калески

-Ресен – Атанас Табаковски

-Теарце – Лазар Ѓоргиевски

-Куманово – Мартин Костовски

-Ранковце – Христина Младеновска

-Центар – Горан Герасимовски

loading...