Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

За Верушевски мозокот на нелегалното прислушување бил Груевски, а не Мијалков!

Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, на денешното рочиште продолжи да одговара на прашања на Обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во УБК.

Од неговото сведочење можеше да се заклучи дека Верушевски  го амнестира обвинетиот Сашо Мијалков, односно според него мозокот на нелегалното прислушување е екс премиерот Никола Груевски.

-СЈО во овој предмет направи курцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена, рече Верушевски.

Тој до Груевски ги построи и двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

-Сериозен пропуст на СЈО е што не го обезбеди овој човек во судница, но и во државата. Со нетрпение ја чекам разврската на истрагата за бегството на Груевски. Убеден сум доколку имам моќ да ги повикам двајцата бегалци од Грција, тогаш ќе ја добиеме целината за овој случај, рече Верушевски.

Судењето е во тек.

loading...