Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ЗА ДЕЦАТА СО СИНА КРВ, ДЕЦА НА НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Се сеќавам кога син му на Бучковски учеше во Борис. Имав предавања во училиштето како надворешен соработник. Син му секој ден доаѓа автомобил и го носеше до училиште, исто така и го земаше. Со некои батки во автомобилот, не знам во какво својство беа можеби обезбедување. Имав ситуација каде што требаше децата да бидат вклучени. Секако ,,наметнато,, ми беше син му на Бучко да биде вклучен. А детето што да кажам во сенка на другите деца кои беа брилијантни и со задоволство се водеше часот затоа што ги учев јас нив ама многу научив и јас од нив. И тогаш бев бунтовна и се спротивставив на барањето момчето со сина крв-синот на Бучковски да биде промотор и да го води часот. Причината беше едноставна. Вложив премногу во часот и сакав учениците кои сметав дека се бисерчиња да го водат истиот. Претпоставувате како заврши моето одбивање и бунтовноста. Фино, културно со насмевка ни кажаа дека децата со сина крв колку и да се потпросечни, тие ќе бидат ,,главните,, а мене секако со истата доза на насмевка ми ја покажаа вратата.
Заминав, не знам потоа што се случувало.
Така да немојте со ефтини приказни за децата со сина крв. Нивната неспособност да се афирмираат во општеството ги деградира нашите деца. А ние сме немоќни да им објасниме дека чесните, достоинствените, гордите не успеваат во ова општество. Исто како што не успеале и нашите родители тоа да ни го пренесат.

loading...