Search
сабота 23 февруари 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

Врие крв на Косовска во Штип. Вчера Роми претепале таксист, Бочвар дај бе еднократна да не праат глупости

loading...

Утре пријателски меч меѓу Брегалница и Кит-Го

Крв кај многумина  врие  на Косовска а дебелиот крај   може да го извлече  секој што ќе се најде  на оваа улица. Вчера, за банална причина претепан е штипски  таксист кој на оваа улица  дошол по нарачка на клиент.

“Минував по улицата кога две непознати лица, Роми удрија со камен по автомобилот. Се вратив и им реков што е проблемот, нека извинат ако случајно  сум ги испрскал, но тие почнаа да ме тепаат. Носот ми го подуваа, за кратко изгубив свест, по што тие заминаа, а јас некако се освестив и си отидов“, кажа за ТВ Стар нападнатиот  таксист.

Овој напад е последен во низа кои на оваа улица се случуваат, а во кои најчести жртви се таксистите:

„Ова се случува често, не смееме да одиме веќе таму. Полицијата под итно мора да преземе нешто“, кажа таксистот.

Нападот врз возачот таксист  од вчера најсериозно досега ги загрижи останатите таксисти кои  поради  насилството и  небезбедноста на Косовска, велат  сигурно е , нема да остана со скрстени раце.

„ Ќе почнеме од ден на ден се помалку да испраќаме на тие улици особено во вечерните часови нема да испраќаме возила на Радански пат, Косавска и кај миријанина црква. Ги имаме адресите и на секој сомнителен повик нема да испраќаме возила“  изјави  Глигор Арсов, прет. на Здружение на таксисти – Штип:

Инцидентот од вчера е само континуитет на насилството  што на оваа улица во последно време  понагласено  се случува  па  освен досегашните мерки кои полицијата  ги презема веројатно  ке се презме и нешто друго.

Според  искусни полициски службеници  поединичените  инциденти како овие на Косовска  е тешко да се контролираат без непосредно присуство. Поради   тоа,  веројатно и идните  чекори ке бидат во таа насока, односно, на Косовска  да биде поставен 24 часовен полициски  пункт.

Со и без полиција во секој момент на оваа улица воопшто нема да  е исто   зашто, очигледно, на многумина  од таму  им треба постојано  полициско предупредување. Да не се заборави, додека целото внимание на Косовска е   окупирано со инциденти во серија, за кражбите  никој не зборува. А таму  кражби има во изобилие.

loading...