Search
четврток 23 мај 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Возачот кој сосе автобусот се заби во куќа вели: НАМЕРНО ГО СТОРИВ ТОА!

– Автобусот во еден момент како да подиве и почна неконтролирано да се движи со брзина од над 100 км на час. Не можев да го запрам и гледав како и каде ќе направам најмала штета. Удрив во еден паркиран автомобил, па се забив во куќата, изјавил возачот на автобусот број 20, Драгослав К. кој утрово се забил во куќа т.е. продавница во улицата „Востаничка“ во Белград.

Тешката сообраќајна несреќа, за среќа, минала без жртви и потешко повредени, а најголема штета претрпел објектот во кој се забило возилото.

– Среќа што светлото на семафорот беше зелено, кој знае што ќе беше да требаше да застанам. Потоа морав да бирам, дали ќе удрам во луѓе или да се забијам во куќата, додал возачот кој со оваа своја одлука ги спасил и патниците од возилото, но и пешаците.

Од компанија за која работи Драгослав рекле дека не знаат што точно се случило со автобусот кој е нов и се уште е во гарантниот рок. „Автобусот е функција помалку од една година и се уште е под гаранција“; рекле од таму.

loading...