Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Во зимските месеци, снегот да не нѐ изненади

Во зимските месеци, снегот да не нѐ изненади …

Значи да кажам на време, да не испадне дека потоа мудрувам. Оклопните транспортери на АРМ од типот МТ-ЛБ имаат можност за надоградување на плуг (ралник) пред нив за чистење на снег и тешки одрони на земја и камења.

Добро би било одговорните во Министерството за Одбрана навремено да ги преадаптираат за доколку излезе потреба неодложно да се делува во ова зимско време со отежнати услови, но ако не се во можност фабриките ИМК 14 Октобар од Крушевац (Србија) и ТЕРЕМ – Хан Крум ЕООД од Търговище (Бугарија) имаат во производствената програма ваков избор на посебни компоненти.

Инаку во склоп на набавката на тенковите Т-72 следуваше и еден Тенк за извлекување БРЕМ-1, кој покрај сите наменски карактеристики за воени и вонредни состојби (ралник, витла за извлекување, алатница итн.) поседува и кран чија максимална носивост е до 19 тони.
Пожелно е и ова специјано возило да е на готовс, особено при непосакувани поголеми сообраќајни незгоди.

Своевремено пред 18 години во една рубрика на списанието “Одбрана” имав објавено детални тактичко-технички податоци за овие воени возила.

Фотографија на Gavrilo A. Miloshevski.

loading...