Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Во Швајцарија убиен И. Истрефи од Струга, за кого се тврдеше дека го убил Дилавер Боку Леку

loading...

Во малото швајцарско село Рути, ноќта околу 2 часот, на Божиќ со неколку истрели од огнено оружје бил убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи (51 година) по потекло од Струга, објави сведок.мк

Швајцарските медиуми известуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години на патот кон Горна Белица, струшко.

Локалните жители тврделе дека станува збор за крвна одмазда, а во ресторанот доаѓала „мафијата“.

Еден од соседите за медиумите изјавил дека им било сугерирано во последно време да ги заклучуваат влезните врати.

Сопственикот на ресторанот бил убиен со неколку куршуми кои биле испукани преку прозорците од правец на улицата.

Полицијата пронашла 6 чаури кои биле испукани низ прозорците и насочени кон сега убиениот Истрефи.

Според пишувањата на швајцарските медиуми сопственикот на ресторанот во Швајцарија не е првата жртва на крвната одмазда. Според нивните пишувања, имало нетрпеливост помеѓу него и семејството на Дилавер Бојку Леку. Според истите извори, првото убиство било во 2015 година, кога Ситем Истрефи (23 години), син на сега убиениот бил застрелан во Струга. Во август 2017 година пак, беше убиен Дилавер Бојку Леку.

Дали станува збор за одмаздничка акција – прашуваат швајцарските медиуми?

Прашање на ден беше кога некој од фамилијата Истрефи ќе излезе пред Дилавер Бојку – Леку и ќе го застрела со куршум во чело, велат познавачите на случувањата во струшкото подземје. Тие се сигурни дека мотив за ова убиство е крвната одмазда и дека убиецот, кој е во бегство, е таткото на убиениот Ситем Истрефи (23). Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се закануваат со крвна одмазда- пишуваа македонските медиуми по убиството на Леку во 207 во Струга.

Членовите на семејството на убиениот Истрефи жестоко реагирале на прашањата на швајцарските новинарите дали станува збор за пресметка на два клана.

Настанот што го спомнуваат швајцарските медиуми е од 13.12.2015 година. Тогаш обвинителството соопшти дека по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи- СВР Струга во врска со престрелката на две групи, Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

Лицата се товарат за сторени кривични дела – Убиство од чл.123 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Струга достави Предлог за определување на мерка – Притвор за осомничените, од кои едно лице е на болничко лекување, едно е недостапно за органите на прогонот и три лица се непознати сторители.

Кривично правниот настан се случи вечерта на 13 декември на локалниот пат Струга – Долна Белица кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени.

Половина година по убиството кај струшкото село Долна Белица, беше покренато и обвинение против Башким (45) и Ермин Бојку (30), братот и синот на Дилавер Бојку за смртта на Фитим И. (23), како и за ранувањето на неговиот 18-годишен брат, инаку роднини на секретарот на Општина Струга. Крвавиот инцидент се случил вечерта на 13 декември минатата година, кога од автомобил во движење, во кое биле и Башким и Ермин, отвориле оган кон двајца браќа на возраст од 18 и 23 години, кои, исто така, возвратиле на пукањето. Постариот брат загинал, додека помладиот, како и Башким Бојку се здобиле со повреди. Братот на Дилавер самиот побарал помош во струшката болница.

loading...