Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

ВО ОХРИД ЗАПЛЕНЕТИ ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА, ГЛИСЕРИ, МОТОРИ, СКУТЕРИ СОПСТВЕНОСТ НА ЗОРАН МИЛЕВСКИ-КИЧЕВСКИ

Денес , по барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција ,а по издаден налог на Судија на предходна постапка ,кој постапува по Кривичниот Предмет -„Рекет“,во кој се обвинети за сега Боки13 и Зоран Милевски-Кичевски,во Охрид извршено е одземање на подвижни предмети.Имено МВР по добиен налог од Судија на претходна постапка , во Охрид одземало, луксузни Џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра,мотори -Квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект -Глисер-Бомбардер,дознава редакцијата ОхридСкај,сите во сосптвеност на Зоран Милевски-Кичевски или во сопственост на неговите фирми.Вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 Евра.Она што го дознава редакцијата Охридскај,е тоа дека највероватно Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција ,ќе бара замрзнување и оддземање на поголем движен имот ,кој Кичевски го поседува во атрактивни делови во Охрид ,а кој имот се проценува на над 2.000.000 евра.

 

loading...