Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Во Јсп… поточно ЈСП ТУРС, повеќе од една година се случуваат доста интересни нешта

pismo
Во Јсп… поточно ЈСП ТУРС, повеќе од една година се случуваат доста интересни нешта. Имено откако за директор беше именувана Соња Митриновска Боева а раководител за превоз нејзината верна пријателка, ова 30 годишно претпријатие тоне и е пред клуч.
За само една година возниот парк успеаа да го намалат на само 1 исправен автобус но и да направат над 60 службени патувања во странство и Македонија за наводни семинари, саеми и слично а всушност станува збор за зимувања, викенди и редовни посети на роднот Пехчево.
Во дирекцијата на Јсп сеуште се прераскажува анегдотата кога при посета на агенцијата од страна на комисија од дирекцијата, Управителката Соња Митриновска Боева е затекната во својата канцеларија со алкохол,каде главни се сопругот, децата и кучето. Кучето е купено од некоесело во Војводина, каде што по него се одело со патен налог и службено возило.
Постарите вработени од секогаш го паметат ЈСП ТУРС како место за привилегирани но никогаш не било претворено во полуприватна фирма како сега. Се избркаа сие возачи а примени се 7-8 нови службеници од кои неколку другарки на директорката кои се претставени час како експерти час како кадар на Љубе Бошковски.
Директорката дури почна да собира рекет од вработените на секој први, на овој документ објавен на огласна табла има огромна небулоза…вработените задолжително да дадат во доброволен фонд?! А парите од овој фонд се наменети за пијалок и мезе на свитата ЈСП ТУРС. За се ова е покрената постапка која е во тек а за секој случај Соња Митриновска Боева си се обезбедува и како што може да се чуе по претседателските избори.
По вториот круг претседателски избори, додека сите се надеваат на Метлата што ја најави Премиерот, некогаш познатата угостителка Бети Пиано, се фали со раководно место. Како што може да се разбере од лица блиски до Бети Пиано Трпчановска истата се фали со позиција во ЈСП ТУРС. Местото на директорката Соња Митриновка Боева е климаво поради ужасните резултати и загуби во работењето, па Бети и ветила дека доколку биде примена ќе ја штити кај нејзините Шилегови и брачниот пар Шеќеринци.
За да се реализира ова лично директорката Соња и ги вадела потребните документи и лиценци. Бети уште дека се мисли на стари години да запише факултет, за при евентуална промена на власт никој не и мрчи.
Не е познато дали оваа 56 годишна угостителка досега се занимавала и дали има било какви допирни точки со туризмот.

Bube Trpkovska

loading...