Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

ВМРО ДПМНЕ не го дава пратеникот Груевски? На гласање нема да дојдат ни 8-те независни?!

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одземање на мандатот на бегалецот, односно нивниот екс лидер Никола Груевски.

Либертас од извори во партијата дознава дека за време на гласањето на пленарката пратениците од оваа партија најверојатно ќе ја напуштеле седницата следејќи ги инструкциите од врвот на партијата и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

Партијата, според овие извори, извршила и притисок и врз 8-темина одметнати од партијата и најверојатно и тие соочени со притисокот нема да се појават на седницата на која ќе се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Според собранискиот статут, доколку пратеникот 6 месеци не се појави на седница а нема оправдани причини, неговиот мандат се става на гласање и пратениците одлучуваат истиот да му се одземе доколку 80 пратеници се изјаснат потврдно.

loading...