Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

ВЛАШКИТЕ ПАРТИИ И НИВНАТА ЦЕЛ?! (ВЛАСИТЕ И НИВНАТА МАКА)

Пишува: Мирјана-Јана Н. Неделковска

 

ВЛАШКИТЕ ПАРТИИ И НИВНАТА ЦЕЛ?!

(ВЛАСИТЕ И НИВНАТА МАКА)

 

Политичката карта на Македонија е надополнета и со боите на двата влашки политички субјекта. По дифолт, едната, ПВМ во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а  другата ДСВМ со СДСМ. И двете прокламираат и нудат брда и долини за унапредувањето на правата на Власите, но, хартијата трпи се. Важно, директорските места на двајцата претседатели (Митко Костов-Папули, ПВМ и Николче Бабоски, ДСВМ),  им се гарантирани, во зависност која од двете големи партии (СДСМ или ВМРОДПМНЕ) се на власт. Чиста рокада, но, и добра разбирачка (не ме чепкај, за да не те чепкам). Претседателот на ПВМ во време на ВМРО ДПМНЕ, беше заменик директор на Државниот Завод за индустриска сопственост, и за тие 11 години не пара беше загрижен за Власите(период кога Власите најмногу изгубија), и за расцветаната корупција во државата. Но, затоа пак,  сега истиот тој од позиција на опонент делува многу загрижен. Гласините не стивнуваат дека во негово време, тарифата за едно административно место чинела 5.000 евра?!? Еден студент од Македонија ( Влав, Македонец, итн), ако сака да студира во Романија плаќа/л 250 евра?!! Прашањето е, Дали е точно и ако е така, во чиј џеб завршуваат парите??? Господине Папули, кој тоа Ви стоеше на патот цели 11-ет години за да ги реализирате, унапредите и развивате веќе поставените институционални права на Власите? За жал Вие господине Папули, ништо не испорачавте за Власите, сем вашето вицедиректорување и по некој административец и советник во некоја општина на кого глас не им се слушна да предложат да се заложат за Власите.  И тоа што некогаш постоеше и се гордееше целата влашка заедница, Вие господине успеавте се да урнисате нормално со помош на клучните луѓе во медиумите и образованието. Како велат, уништете го јазично еден народ и готово е со него. А на Власите токму тоа им се случува. Папуљи е препознатлив по фразата, “Да/ Ќе направиме, да/ќе се здружиме….., фиданките… ”, чиниш човекот има магнетофонска лента голтнато и постојано истото го ветува, го коментира и го окупирa влашкиот медиумски простор-МТВ. Стана инвентар во таа емисија. Му се погоди среќлија си е човекот,  не за џабе за уредник на таа влашка редакција ја постави својата внука.

За жал и по смена на власта се си продолжи по старо, онаму каде што застана ПВМ, продолжи ДСВМ. Претседателот на ДСВМ, како директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се грижи за субвенциите на земјоделците, и нормално мора да го оправда директорското место. (лично сметам дека на тоа  место владата треба да постави човек директно од земјоделската фела, кој знае, каква мака имаат земјоделските работници, а не професори, теоретичари. Земјоделието бара познавања директно од терен/нива). А за  Власите, кога ќе дојде ред, ако воопшто некогаш дојдат на ред во  АГЕНДАТА на двајцата влашки политички субјекти. Но, маката на Власите не завршува со нив. Имаме фактичка катастрофалната состојба во сферата на образованието. Во Управата за унапредување на образованито на помалите заедници, Власите имаат свој СОВЕТНИК за влашки јазик, чиј што мандат изнесува цели 17-години. Резултатот е 17 генерации изгубени. Истата таа советничка, дури сега (така барем се изјасни во една од емисиите на влашки јазик-МТВ) подготвува АНКЕТА за изучување на влашкиот јазик. Утешително, со години и овој луксуз го немавме. Можеби ќе треба да почека за полугодие или пак крај на школска година, па следната по истиот тертип да продолжи. Резил. А пак, емисијата на влашки јазик е посебна приказна, таму постојано репризни изданија, веројатно се нема време, зашто приоритетите и таму се други а не генерална добит за Власите. Во последните 10-15 години, со несмален интензитет се одвива процесот на јазичен и културен геноцид кај Власите. Таму има и класична злоупотреба на

медиумскиот простор од страна на уредникот, презентирајќи ги постојано активностите и резултатите на нејзиното здружение “ИНТЕГРА НАУ”. Низ годините се покажа дека (до)сегашните немаат капацитет за нешто повеќе, освен за сопствениот интерес…?!?

Освен персонална директорска добит кај претседателите на двете влашки партии, месечен надомест на одговорните во влашкиот медиумски простор во Управата за (не) унапредување на образованието на помалите заедници, вклучувајќи ги овде и една шака на административци Власи и по некој општински советник, што до пред извесно време како Ѓаволот од крст, бегаа и го криеја сопствениот идентитет, но за пуста мека административна фотелја, наеднаш станаа големи патриоти-Власи. Ако е за утеха, не само Македонците и ние Власите си имаме такви патриоти, по потреба, на копче.

 

loading...