Search
четврток 23 мај 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ВЛАДО ЧИНГОВСКИ : Дали и проституцијата не е казнива, а имаме проститутки и машки и женски особено во политиката колку сакаш?!

-„Се крена голема врева за и околу Павле Богоевски и неговата нарачка на половина грам не е битно што е.
Се искористи една секојдневна активност, на огромен број на граѓани на нашата Северна Македонија, на набавка на прашкаста материја или џоинтче, за политички препукивања помеѓу партиите.
Зошто?
Заради тоа што е објавен разговорот на социјалните мрежи?
Па пред некој ден во полициска акција во Арачиново, каде беа фатени неколкумина кои дилале дрога на големо, МВР објави дека консументи на нивните производи биле високи функционери, адвокати, банкари, и какви уште не персони од високата политика и луѓе кои високо котираат во општествениот и политичкиот живот во Северна Македонија.
Никој не побара да се објават имињата на тие персони, а на кутри Павле му бараат да се само пријави и уште да даде и оставка.
Точно дека ова дело е инкриминирано и казниво, но дали и проституцијата не е казнива, а имаме проститутки и машки и женски особено во политиката колку сакаш.
Дали не е казниво и користењето на сексуалните услуги. Казниво, но функционерите од секаков вид и ков ги бараат тие услуги, а некои други и не ги плаќаат со пари, туку на други начини, вклучуваќи и политички функции.
Затоа оставете го пратеникот на мира и погледнете си во своето обиколување, и ќе најдете не еден туку секој втор ќе биде Павле.
А тоа што бил пратеник.
Па искрено не е тој крив. Крив е тој што го ставил. Кај нас секој мисли дека може да биде се. И во стварност така е. Но одговорноста е кај селекторот. Ако избере слаби играчи, резултатот нема да биде добар.
Така и Павле, сакаше пратеник, доби пратеник. Но ајде да видиме какви се пратеници и партиски и државни функционери имаме.
Кој е наркос кој е алкос кој е криминалец.И тие се луѓе. Но што со оние кои не се ниедно од ова, а не знаат да пишат и читаат, а им е даден можност да одлучуваат во името на граѓаните.
Затоа, оставете го Павлета, обидете се да ги ставите на тапет оние кои со своето незнаење и штетат и на граѓаните и на државата, па биле и од Вашите редови, и никогаш не пробале црта, чашка или платен секс“, ФЕЈСБУК СТАТУС  на Владо Чинговски -Адвокат

loading...