Занимливости

ВИЦЕ ПАК ЛИ БЕ ТИ ДОБИ? Уште една офшор фирма од Кипар добила лиценца за марихуана еден месец по основањето

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 16:26 (+02:00)

Додека траат препукувањата меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за опојни дроги, со кој се регулира производството на марихуана за медицински цели, уште една офшор компанија од Кипар добила лиценца за работа – ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ.

Според податоците од Централниот регистар, оваа компанија е основана само еден месец пред да ја добие лиценцата (11.12.2019), при што како сопственици се јавуваат две офшор компании со седиште во Кипар – Блек Глов Солушнс и Крикамара Инвестментс, додека управител е Гркот Констатинос Караниколау.

Како што веќе објави Фокус, неодамна лиценца за медицинска марихуана добила уште една кипарска компанија – Њу Гарден Фарма, односно Њу Гарден Фарма Лимитед, како и уште неколку други компании, меѓу кои Ендо Кана, Греен Медикал, Лифе Плант, ЦБД Медлплант, Канбио Медикал.

В.С.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker