Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

Вилма Русковска денес дојде на работа, а Катица Јанева?

Шефицата на обвинителството за гонење на огранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која ја води истрагата за „Рекет“, денеска се вратила на работа, потврдија за,, 360 степени”од оваа институција.
Таа го искористи законски предвидениот минимум за годишен одмор и од денеска продолжува со работните обврски, велат од Обвинителството.
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, неколкупати најавуваше дека неделава во обвинителството ќе биде повикана и шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, но сè уште нема прецизен датум кога таа ќе сведочи за „Рекет“.

loading...