Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

(ВИДЕО) ТАТКОТО СЕРАФИМОВ ОД ШТИП ОБВИНУВА: МОЕТО ДЕТЕ ГО ТРЕНИРААТ ЗА КОЦКАР

Тригодишно дете е оставено на семејство кое го тренира за коцкар. Со вакви обвинувања денес преку ТВ Стар излезе таткото на детето, откако на интернет се појавија фотографии од неговата ќерка, седната пред коцкарски апарат.

Случајот за негрижа кон неговата ќерка Серафимов го пријавил во сите надлежни институции, но досега реакција немало од никаде.:

„Што е однесено во обложувалница и што е сликано што е законски кривично дело.Малолетник под 18 години не смее да се најде во обложувалница или казино“ изјави Благој Серафимов,татко на детето.

Дополнително, таткото обвинува дека неговата ќерка не добива ниту соодветна здравствена грижа:

„Не го носат на прегледи редовно, на педијатар или општо ,сега има потреба на очно да го носам и тоа три пати во една недела затоа што не работат лекарите, среќа што го примаа ,не го носат кај матичната редовно ,треба да ги претиснам за да го однесат детето на доктор“ изјави Благој Серафимов, татко на детето

По разводот со сопругата, детете на Серафимов, веќе еднаипол година живее во Светиниколско со неговата мајка.По жалба, Основниот суд детето му го доделува нему, но Апелација предметот повторно го враќа на разгледување.

Вината за ова, Серафимов ја префрла во центрите за социјална грижа кои документите за здравствената состојба на мајката, не ги доставил на време:

Целата сторија проследете ја на ТВ Стар

loading...