Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ВИДЕО: Секс во подземните гаражи во Карпош, од брзање ги заборавиле чорапите

Пред неколку дена, станари од Карпош во подземните гаражи биле сведоци на сексуален акт кој се одвивал во попладневните часови. Тие велат дека автомобил се паркирал на крајот од гаражата, а внатре имало две лица. По некои четири часа секс и крици кои се слушале во гаражата, тие заминале со автомобилот, но зад нив, оставиле траги.

Расфрлани влажни марамици, оброк, салфети, сокови, се само дел од предметите кои ги оставиле зад себе. Станарите велат дека ова прв пат се случува. Тие се револтирани и размислуваат да пријават во полиција, оти љубовнците зад нив оставиле купишта отпад. Станар од зградата, кој е сопственик на гаражен простор вели дека ова однесување е недозволиво, а ги знае и таблиците на автомобилот кој бил паркиран.

„Нека дојдат да си ги соберат отпадоците, во спротивно, ќе ги собере полиција“, вели тој за „Скопје 1“.

Љубовниците се брзале да ги напуштат гаражите, па зад нив оставиле и пар машки чорапи.

Инаку, според законските прописи, за секс на јавно место е пропишана казна до 1500 евра.

loading...