Search
петок 15 ноември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Веста за евтаназија на тинејџерката во Холандија е лажна, Вашингтон пост и Индепендент лапнаа кромид

Веста за евтаназија на тинејџерката во Холандија е лажна. Седумнаесетгодишна холандска девојка побарала да биде евтанизирана, и нејзината желба е исполнета минатата недела, така барем вчера можевме да прочитаме во низа медиуми, но денес – тоа не е вистина.

Оваа вест, иако ненамерно, е лажна. Еве што навистина се случило.

Вашингтон пост, Индипендент, Еуроњус, Дејли мејл, и други светски познати медиуми на англиски јазик ја објавија веста дека Ноа Петовен од Арнхем во Холандија побарала евтаназија, дека нејзиното барање е одобрено и дека е евтанизирана во својот дом.

Сепак, оваа вест е врз основа на известувањето на локалните медиуми, каде што, поради погрешен превод или недоразбирање, е погрешно протолкувана.

Ноа Петовен побарала евтаназија, но таа била одбиена.

Ноа навистина барала евтаназија, но таа ѝ е одбиена, пишува на „Твитер“ новинарката на порталот „Politico Europe“ Наоми O’Лири.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

NAOMI O’LEARY

✔@NAOMIOHREALLY

A 17-YEAR-OLD RAPE VICTIM WAS NOT EUTHANISED IN THE NETHERLANDS.@EURONEWS @INDEPENDENT@DAILYMAILUK @DAILYBEAST ARE ALL WRONG
IT TOOK ME ABOUT 10 MINS TO CHECK WITH THE REPORTER WHO WROTE THE ORIGINAL DUTCH STORY.
NOA POTHOVEN ASKED FOR EUTHANASIA AND WAS REFUSED (CONT.)

8,932 people are talking about this

„Ноа Петовен веќе некое време страда од анорексија и други нарушувања. Без знаење на родителите, таа побарала евтаназија и е одбиена”, пишува О’Лири.

„Семејството се обиде со многу видови на психијатриско лекување и Ноа Петове беше хоспитализирана неколку пати. Во последните месеци во неколку наврати се обиде да се убие. Семејството во очај побара терапија со електрочокови, но беше одбиено поради нејзината млада возраст. Петовен инсистираше на тоа дека не сака повеќе третмани и во домот на нејзините родители е поставен болнички кревет. Во почетокот на јуни, таа почна да одбива течности и храна, и родителите и докторите се согласија дека нема присилно да ја хранат”, рече О’Лири.

„Одлуката да се премине на палијативна нега и пациентката да не се храни принудно, по нејзино барање, не е евтаназија. Холандските медиуми не известуваа за смртта на Ноа Петовен дека е случај на евтаназија. Оваа идеја се појави само при пренесувањето на холандските вести во медиумите на англиски јазик”, објасни О’Лири.

loading...